Трамп сподели порака полна со гнев
Претседателот на САД, Доналд Трамп, се огласи со многу лут статус на социјалната мрежа TruthSocial.
Трамп е многу вознемирен од начинот на кој се известува за воздушните напади на САД врз иранските нуклеарни објекти.
Го објавуваме статусот на претседателот на САД во целост:
„Локациите што ги погодивме во Иран беа целосно уништени, и сите го знаат тоа.“
„Само лажните вести би тврделе поинаку, обидувајќи се да го обезвреднат она што е направено - па дури и тие велат дека локациите биле „прилично добро уништени“!“
„Тие особено работат на оваа лага: Алисон Купер од лажните вести на CNN, глупавиот Брајан Л. Робертс, претседателот на Concast, Џони Карл од лажните вести на ABC и, секако, вечните губитници од лажните вести на NBC, кои повторно се дел од Concast.“
„Тие никогаш не завршуваат - медиумски ѓубре! Затоа нивниот рејтинг е на НАЈНИСКО ДОСЕГА - НУЛА КРЕДИБИЛИТЕТ!“
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа