Три пожари сè уште се активни низ Македонија
Центарот за управување со кризи (ЦУК) известува дека до 8 часот на територијата на државава се евидентирани три активни пожари.
Како што објави ЦУК, активен е пожарот во прилепското село Бешиште каде што гори приземна квалитетна мешана шума.
Во село Црешнево, месност Церо Поле, во општина Македонски Брод, активен е пожар во деградирана дабова шума и грмушки.
Не е изгаснат и пожарот во општина Чашка под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка. Пожарот е шумски, во моментов, посочува ЦУК, нема активен пламен, туку само чад во карпест предел.
06.07.2025 - 10:26
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа