Уште една локомотива повторно во сообраќај

 

Петок 13 се покажа како среќен ден за Македонски Железници Транспорт. Добрата организација и искуството на вредните мајсторите успеаја да вратат во функција уште една локомотива.

Како што најавија пред два месеци, денеска локомотивата 661 410 се врати во сообраќај со нови тркала.

-Успешен крај на оваа работна недела. Локомотивата 661 410 се враќа во сообраќај со нови тркала, објавија од Железници Транспорт.

Пред точно два месеци, на 13 мај, од претпријатието објавија видео со кое најавија дека локомотивата се подготвува повторно да биде вратена на шините, со нови лежишта и тркала.

Во април, пак, по две години нефункционалност, и локомотивата 661 236 повторно беше вратена како дел од товарниот сообраќај.

13.06.2025 - 19:32

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега