ВИДЕО: Русите објавија снимка од тенк со американски и руски знамиња како влегува во битка со Украинците
„Русија Тудеј“ објави видео на кое се гледа американски оклопен транспортер M113 во рацете на руската војска.
Според РТ, тенковските екипажи на 70-от моторизиран полк му доставиле на нивниот воен дописник Влади Андрица видео на кое се гледа возило со високо развеани руски и американски знамиња, кое брза кон бојното поле во близина на селото Мала Токмачка.
Според истите извори, станува збор за оклопен транспортер кој бил запленет од украинската армија, потоа поправен и вратен во употреба. РТ тврди дека сега се користи во борбени мисии од страна на руската армија.
Објавувањето на оваа снимка доаѓа веднаш по средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска. Главна тема на разговор беше војната во Украина, но не беше постигнат договор за прекин на огнот. По средбата, Трамп изјави дека средбата била „продуктивна“ и дека очекува преговори меѓу Русија и Украина. Путин изгледаше доста задоволен од средбата со Трамп и зборуваше за постигнатото „разбирање“ и најави можност следната средба да се одржи во Русија. фото: принтскрин
Drone footage of a Russian armoured vehicle assaulting Ukrainian lines flying an American flag alongside the Russian tricolour.
From Russia's state propaganda agency, RT. pic.twitter.com/MgVKH5uCDp
— Jimmy Rushton (@JimmySecUK) August 18, 2025
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа