ВМРО-ДПМНЕ: Борисов јавно се пофали со бришењето на македонскиот идентитет, дали зад тоа стои СДС, Заев и Филипче
Бојко Борисов вчера јавно се пофали дека лично го изработил предлогот за бришење на македонскиот идентитет и јазик во резолуцијата во Европскиот парламент, се наведува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
„Зоран Заев за Бојко Борисов велеше дека му е брат, а Стево Пендаровски го ословуваше со “Бојко љубави”.
Вистинското прашање е каква е поврзаноста на СДС, Зоран Заев и Венко Филипче со бугарската пропаганда против македонскиот идентитет и јазик?
Дали позади нападот на јазикот и идентитетот стои СДС и Венко Филипче со оглед на јавно изразената блискост на Бојко Борисов со СДС?
Нели е симптоматично што единствените кои хорски ја напаѓаат владата се Венко Филипче, СДС и печурките на Бугарија во Македонија.
Токму затоа Андреј Жерновски ја има улогата на бугарски камиказа во Македонија.
Наместо СДС да ги искористи позициите да лобира за Македонија тие ги штитат бугарски интереси“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа