ВМРО-ДПМНЕ: Јахоски ја отру и ја украде државата, па од судот доби пасош за шетање на Босфорот

 


Асмир Јахоски кој го оштети Буџетот на државата за неверојатни 167 милиони евра и за кого се води постапка, моментално ужива на Босфор, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Откако доби домашен притвор за кривично дело перење пари и други приноси за набавката на мазут со сомнителен квалитет и потекло, синот на пратеникот на ДУИ, сега можеме да го видиме по медиумите дека е на Босфор, Турција. Судиите избрани од ДУИ и СДС, му го укинаа притворот и му го одземаа пасошот, бидејќи тој даде милиони да гаранција дека нема да бега, сега се поставува прашањето како е тој во Турција кадешто ги троши милионите кои ги проневерил“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од информации во јавноста, додаваат од партијата, дознаваме дека судиите му одобриле на Јахоски и му го вратиле времено пасошот, за тој да може да шета и ужива по Босфор со, како што велат, нашите пари кои тој и неговите блиски ги украдоа од Буџетот на државата.

„Правдата изгледа ќе мора да почека додека тој слави матурски на Босфор. Затоа судиите мора да одговараат. Реформи во судството мора да има“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

02.06.2025 - 12:17

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега