ВМРО-ДПМНЕ: Македонија станува значајна енергетска крстосница во регионот
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е посветена на изградба на темелите и основата за енергетска стабилност во државата, како и сигурен и ефикасен енергетски систем за одржлив и модерен развој.
За разлика од минатите 7 години на нестручно и недомаќинско владеење на СДС и ДУИ со енергетскиот сектор кој доведе до девастација на електро енергетските капацитети и неколку кратно зголемување на сметките за електрична и топлинска енергија на граѓаните сега се поставени темелите за енергетска стабилност и независност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција. Се градат 66,6 километри гасовод на македонска страна. Почетниот капацитет на гас е 1,5 милијарди кубни метри со потенцијал да се зголеми на 3 милијарди кубни метри. Вредноста на проектот е 60 милиони евра.
Проектот го реализира домашната компанија, времето на изградба на проектот е планирано да заврши за 22 месеца, а интерконекторот да биде готов во 2027 година.
Изградбата на гасоводот е капитална инвестиција за државата но преку реализацијата на гасоводот се поврзуваме и со останатите земји во регионот и Македонија станува значајна енергетска крстосница, а конкретни придобивки освен регионот ќе имаат и македонските граѓани и компании.
Со овој интерконектор ќе имаме стабилно снабдување, но и пониски цени за граѓаните.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има јасен план и стратегија за енергетскиот сектор во служба на Македонија и граѓаните. За зголемена енергетска ефикасност и сериозни повеќегодишни инвестиции во енергетиката со цел домашно производство на енергија како гарант за конкурентност на македонската економија.
Ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа