ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Тренчевска им смета растот на пензиите на сите пензионери

 


На СДС и Јованка Тренчевска, како поранешна министерка за труд и социјална политика, им смета растот на пензиите на сите пензионери, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Откако за седум години власт СДС и Тренчевска пензионерите ги донесоа на раб на егзистенција, сега се против тие да го добијат заслуженото.

Уште се свежи сеќавањата како пензионерите низ цела држава протестираа со празни тегли, покажувајќи му на владата на СДС дека пензиите кои таа им ги дава не им стигаат, дури ни за зимница да си направат, а не пак да купат готова.

СДС и Тренчевска може да се противат колку сакаат, пензионерите со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го добијат заслуженото кое им беше ускратено изминатите седум години.

Пензионерите сега веќе имаат партнер во оваа Влада која ги слуша им ги решава проблемите, им го вреднува вложениот труд и прави се тие достоинствено да живеат во нивната трета доба.

За таа цел, само за 18 месеци пензиите на сите пензионери линеарно ќе се покачат за 7.000 денари.

За неполна година Влада на ВМРО-ДПМНЕ, пензиите веќе се зголемија за пет илјади денари, а од септември и март следи друго покачување од по илјада денари.

СДС сега нега седи и нека гледа како растат пензиите.

Разликата е огромна. Со владата на ВМРО-ДПМНЕ за 18 месеци пензиите се зголемија за седум илјади денари, додека со СДС на власт пензиите пораснаа за 0 денари“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

24.07.2025 - 11:09

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега