ВМРО: Заев и Спасовски им дадоа пасоши на белосветски криминалци

 

СДС и Заев 7 години беа заштитници на криминалот и криминалните банди. Ова денеска го велат ВМРО преку соопштение до јавноста.

- СДС, Заев и Спасовски им дадоа пасоши на белосветски криминалци, како и на бандити од Шкаљарски и Кавачки клан, имаше кражби и убиства за кои немаше разврска ниту одговорност. Дали Филипче кога вели дека треба да се учи од Заев, мисли на тоа да шурува и да ги штити криминалните кланови како што тоа го правеше Заев. Дали Филипче кога вели нема друг како Заев, мисли на соработка со криминални кланови и бандити кога улиците во Скопје за време на СДС беа како дивиот Запад, убиства и мафијашки престрелки имаше на сред ден. Дали Филипче ќе учи од Заев како да профитира со лажни идентитети и како се штанцаат пасоши за 215 белосветски криминалци? Криминалните кланови и нарко босови од регионот со години прават криминал благодарение на СДС и Заев кои им давале македонски пасоши. Се вршат убиства, се тргува со дрога и се врши организиран криминал со македонски пасоши на штета на угледот на државата. 215 нарко босови хараат по светот и прават криминал благодарение на Заев и СДС, велат од владејачката партија.

Додаваат дека Заев и Спасовски тргуваа со туѓи идентитети и издаваа фалсификувани македонски пасоши на странци, кланови, нарко босови, убијци, дали и Филипче учи од Заев како да тргува со идентитети. Заев и Филипче се трговци со идентитети.

- СДС и Заев ја понижија државата и го нарушија достоинството на македонските граѓани, а сега Филипче сака истото да го прави. На Филипче идол му е Заев само поради огромните лукративни интереси. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на заштита на стабилноста, безбедноста, заштита на државните симболи и достоинството на граѓаните. СДС е синоним на предавства, неспособност и криминал, стои во соопштението испратено до јавноста.

05.05.2025 - 09:17

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега