Внимавајте на картичките: 20-годишник измамен преку лажни онлајн трансакции
Вчера во 14.50 часот во СВР Тетово, Х.Х.(20) од Р.Косово со привремена адреса на живеење во Гостивар, пријавил дека од 16.07.2025 година до денот на пријавување, на неговиот мобилен телефон му стигнувале пораки дека преку неговата банкарска картичка биле извршени трансакции при онлине паќања кои истиот не ги извршил и дека при злоупотреба на неговите трансакциски податоци бил оштетен со парични средства во износ од 750.52 долари.
Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
20.07.2025 - 14:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа