Во Белград свечено отворен македонскиот Културно-информативен центар

 

Во Белград вечерва свечено беше отворен Македонскиот културно-информативен центар, во присуство на македонскиот и српскиот министер за култура, Зоран Љутков и Никола Селаковиќ.
На отворањето свое обраќање имаа директорот на нашиот КИЦ во Белград, Васко Шутаров, македонскиот амбасадор во Србија Никола Тупанчески, српскиот министер за култура Никола Селаковиќ, македонскиот министер за култура и туризам Зоран Љутков и потпретседателот на македонската влада Иван Стоиљковиќ.

Пригодната програма на отворањето беше насловена „Ајде, слушај, слушај..." при што настапија Зарина Првасевда, и специјалниот гостин Васил Хаџиманов.

Во македонскиот КИЦ во Белград беше поставена и ретроспективна изложба на 25 ликовни уметници од Друштвото на ликовни уметници Македонци во Србија (ДЛУМС).

16.05.2025 - 21:37

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега