Во Охрид почнуваат манифестациите по повод Илинден

 


Со отворање на изложбата „Македонија во светот на хералдиката“ предвидено за вечерва од 19:30 часот во Лапидариумот на Спомен-куќата на Робевци, во Охрид почнуваат манифестациите по повод националниот празник Илинден.

Со низа настани што ги организира Општина Охрид ќе бидат одбележани Денот на Републиката -  2 Август, но и три значајни јубилеи - 120 години од смртта на Христо Узунов, 150 години од раѓањето на Кирил Прличев и 150 години од раѓањето на Методија Патчев.

Утре од 20:30 часот во селото Велгошти ќе се одржи културната манифестација „Ноќ спроти Илинден“, со предвидено обраќање на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, полагање на цвеќе пред спомен обележјето на Илинденците, како и културно-уметничка програма.

Утревечер кај црквата Св.Илија во селото Рамне ќе се одржат традиционалните Илинденски средби.

За в сабота, предвиднео е во десет часот да биде положено цвеќе пред спомен-обележјата на Илинденците во Градскиот парк, а потоа кај „Прентов мост“.

Од 11 часот во селото Плаќе ќе се одржи историски час, по што е предвидена и културно-уметничка програма. Вечерта од 21:00 часот во селото Елшани ќе се одржи Илинденска вечер. 

31.07.2025 - 10:38

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега