(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Брнабиќ сподели видео од момчето кое беше застрелано во Косово

 

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, на социјалната мрежа Твитер, сподели вознемирувачко видео од едно од децата кои беа застрелани од маж, припадник на косовските безбедносни сили.

„Ова е Стефан. Има 11 години. Денеска беше застрелан, на Бадник, заради тоа што е Србин. Заедно со него, друг млад Србин, Милош кој има 21 година, исто така беше застрелан. Секој треба да одвои две минути и да го изгледа ова видео. Оваа фотографија е вистинското лице на Косово“, напиша Брнабиќ во описот на објавеното видео.

Да потсетиме, претходно денеска братучедите Стефан Стојановиќ (11) и Милош Стојановиќ (21) беа ранети денеска околу 15 часот во Готовуша кај Штрпце на Косово кога без причина локален Албанец пукал во нив од возило во движење. Во моментот на нападот децата оделе покрај патот кога напаѓачот отворил оган врз нив. Едното момче било застрелано во раката, другото во рамото, но нивните животи не се во опасност.

06.01.2023 - 22:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега