За првпат по пожарот во Кочани - Ана излезе на сцена

 

На градскиот плоштад во Валандово се одржа музичка вечер во склоп на фолк фестивалот Валандово, а една од оние кои настапија е и Ана Костадиновска, придружниот вокал на ДНК, која успеа да се спаси од пожарот во Кочани, во дискотеката Пулс, каде загинаа 62 лица, а над 200 беа повредени, кобниот 15 март.

Ова е прво јавно појавување на Костадиновска на сцената по трагедијата во која ги загуби соработниците и пријателите од бендот. 

Помеѓу загинатите беше и Сара Пројковска, со која Ана ја делеше сцената околу две децении.

Таа претходно објавуваше потресни статуси за својата колешка и пријателка, која ја загуби.

- Јас и ти ко едно тело...напиша Ана со скршено срце, објавувајќи фотографија од неа и починатата Сара.

 

Претходно, таа се прости од своите пријатели.  -Си замина дел од моето второ семејство. Заедно со нив и душава моја. Остана само пепел и празнина… а, кој би рекол дека празнината може толку да боли, напиша Ана.

28.05.2025 - 10:11

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега