Засилени сообраќајни контроли: Олеснет џебот на 1.937 возачи

 


Полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи во рамки на засилените сообраќајни контроли на патиштата низ земјава во текот на изминатите три дена од последнава недела во месецот (28./29./и 30.07.2025), регистрираа вкупно 1937 платни налози по основ на разни прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а во помала мера и по основ на Законот за возила.

Така, по основ на одредби од ЗБСП, односно заради неприлагодена брзина на движење изречени беа 447 санкции, за неправилно паркирање  519, додека пак 186 учесници во сообраќајот се отстранети од сообраќај поради непоседување возачка дозвола.

Исто така, за 115 учесници во сообраќајот изречени се прекршоци за некористење сигурносен појас, 117 лица се казнети за користење на мобилен телефон при управување со возило, и уште 99 лица заради неносење заштитен шлем. Покрај ова евидентирани се 19 случаи на минување на црвено светло, изречени се 21 прекршочен платен налог за пешаци, додека пак од сообраќај се отстранети 19 возачи заради управување на возило со прекумерно количество алкохол.

Согласно пак Законот за возила во посочените три дена од неделава беа изречени 8 прекршоци по основ на технички неисправни возила и 53 по основ на возила коишто не биле регистрирани. 

 

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

 

31.07.2025 - 12:09

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега