Акција на полицијата и инспекторите во Струмица: 13 лица затекнати на градилишта без работни дозволи

 


Вчера, полициски службеници од СВР Струмица во заедничка акција со полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток и трудови инспектори извршиле контрола на градилишта на подрачјето на Струмица.

При контролата, на две градилишта затекнале 13 лица турски државјанин, кои го злоупотребиле престојот и вршеле градежни работи без соодветна работна дозвола.

Против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

05.06.2025 - 13:08

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега