Алијанса за Албанците: Нашите најдобри денови допрва доаѓаат

 


Алијансата за Албанците будно ги следеше „тврдењата“ на ВМРО за нашата партија и нејзиниот претседател, велат од Алијанса за Албанците.

„Е за очекување во овие тешки денови на оваа Влада во неволја, во целосно отсуство на политички аргументи, да има клевети од најапсурден вид.

Смирено сме фокусирани на нашата работа кон Октомвриската победа и не сакаме со никакви навреди или псевдообвинувања да ја оптоваруваме ВМРО која во моментов има доволно маки.

Самиот факт што ја напуштивме владата по своја волја јасно покажува колку малку сме корумпирани, а можеби тоа е незамисливо за некои партии на власт.

Алијансата за Албанците е на добар пат и во своите најдобри денови!“, стои во соопштението на Алијанса за Албанците.

 

 

 

14.05.2025 - 09:48

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега