Андоновски предупредува: Има лажни повици за бесплатни игри на среќа - не ставајте пари

 

Почитувани граѓани,
На социјалните мрежи излегоа фотографии (под објавата може да се видат) на кои нелегални веб страници за онлајн игри на среќа нудат бесплатни игри и средства доколку ставите одредена сума на пари.
Ги повикуваме граѓаните да не подлегнуваат на вакви пораки, бидејќи станува збор за лажни линкови (spam) кои имаат за цел да ги злоупотребат вашите информации и парични средства.
До сега забранивме над 240 приредувачи на нелегални онлајн игри на среќа и ќе продолжиме понатаму!

01.08.2025 - 22:18

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега