ФОТО: „Востанијата и револуциите ги одбележуваат големите пресврти“ - Илинден се одбележува и во Тетово

 

Во организација на Општинската организација на Сојузот на борците од Тетово денеска беше одбележан големиот празник Илинден, 122 години од Илинденското востание и 81 година од Првото заседание на АСНОМ.

Во рефератот, подготвен од професорката по историја Ружица Ристовска, кој во оваа пригода беше прочитан, се нагласи вековната борба на македонскиот народ за слобода и самостојност.

-Востанијата и револуциите што ги одбележуваат големите пресврти во животот на народите остануваат во историјата, не како наследство и гибел, туку како пораки за жалбите , како намери и идеи. На втори август 1903 година, на денот Св.Илија зазорува Илинден. Бијат камбаните во Крушево, градот избраник. Бијат спроти полноќ, спроти Илинден и го објавуваат отпочнувањето на Востанието. На втори август 1944 година, се одржува Првото заседание на АСНОМ во манастирот Прохор Пчински. Тоа претставува државно конституирање на Македонскиот народ и народности во Македонија во склоп на Југословенската федерација, се вели меѓу другото во рефератот.

Пред Споменикот на револуцијата во центарот на градот, цвеќе положија претставници од Сојузот на борците, локалната самоуправа, политички партии и здруженија

02.08.2025 - 12:42

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега