Бесплатен преглед на бемки на кожата во Градски Парк - Еуромеланома за превенција и заштита од рак

 

Во Градски парк на Школка денеска со почеток во 15 часот ќе се одржи настан Еуромеланома, на кој граѓаните ќе имаат можност за бесплатен преглед на бемки, лезии или дамки сомнителни за рак на кожа со дермоскоп од страна на искусни дерматолози.

Како што соопштија организаторите, дерматолозите ќе советуваат, едуцираат и информираат за соодветната заштита и превенција.

Оваа година, фокусот на Европската кампања е на превенција и заштита на детската кожа, при што ќе има програма за најмалите посетители, музика, посета од маскоти Маша и Медо, цртање на лице со аниматор и подароци.

04.06.2025 - 08:52

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега