ЦУК: Нема активни пожари, четири под контрола, 13 изгаснати
До 21:00 часот на територија на цела држава нема активни пожари, четири сe под контрола, а 13 се изгаснати, информира вечерва Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Под контрола се ставени пожарите кај депонијата Вардариште, кај повеќенаменското подрачје „Јасен“ (мешана шума), на планината Кожуф во општина Гевгелија и во село Никуштак во општина Липково.
Изгаснати пожари има во скопските општини Студеничани, Арачиново и Сарај и во општините Долнени, Струмица, Струга, Велес, Делчево, Куманово, Липково, Тетово и Гостивар.
02.09.2025 - 22:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа