Пороен дожд, грмежи и град во Скопската котлина, Велес и Демир Хисар
Нестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветер се забележува во јужниот дел од Скопската котлина и во планинските подрачја во околината на Велес. Според УХМР, овие врнежи се движат од југ кон север.
УХМР предупредува и на поголема нестабилност западно од Кавадарци и Росоман, проследена со пороен дожд, засилен ветер и појава на суградица.
Невреме со засилен ветер, електрични празнења и пороен дожд, а на места и град, се забележани и во Демирхисарскиот регион и во околината на Велес.
03.09.2025 - 17:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа