Да помогнеме: Дом за четворка срца – Заедно градиме иднина
Во градот Штип растат четири мали срца – четворка близнаци, симбол на живот, сила и благослов. Нивното семејство, иако полно со љубов, се соочува со голем предизвик – нема сопствен дом.
Започнуваме хуманитарна кампања за изградба на куќа во која овие деца ќе растат без страв од дождот, студот или неизвесноста. Благодарение на поддршката од Општина Штип и градоначалникот, веќе се обезбедени плацот и сите потребни дозволи, а неколку градежни компании се подготвени да ја реализираат изградбата. Изведбата ќе се одвива преку хуманитарната организација „Подај рака – спаси живот“, предводена од Александар Ѓоргиевски, пожарникар и хуманист од Штип, кој со години посветено им помага на семејства во ризик. Иако децата бесплатно посетуваат градинка, животот со четири мали деца на иста возраст носи големи секојдневни трошоци – храна, облека, хигиена, медицинска грижа. За ова семејство, тоа е борба од ден за ден. Сега сме ние на ред – да помогнеме во обезбедување на потребните средства за материјали и целосна изградба на новиот дом. Овие четири мали животни радости заслужуваат безбедно, топло детство – под свој покрив и меѓу ѕидови изградени со љубов. Да помогнеме – да изградиме нешто што ќе остане за Македонија. За нив. За сите нас.
Со повик на 143 999 од сите оператори до 31.05.2025 година донирате 100 денари за изградба на дом за четворка близнаци од Штип преку донаторскиот фонд на Фондацијата ИКРАУД.
За суми над 6.000 денари: донирајте на жиро-сметка на Фондацијата: Сметка: 270078016610134 Назнака: За четворка близнаци од Штип Шифра на плаќање: 562
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа