Дел од луѓето можеби ќе се изненадат: Ѓоковиќ поседува 80% од данска фирма – познато со што се занимава таа

 

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓокoвиќ, купил 80 отсто од данската биотехнолошка фирма „КвантБиоРес“, пренесува „Ројтерс“.

Имено, оваа фирма развива медицински третман за Ковид-19, соопштил за „Ројтерс“ извршниот директор на таа компанија.

„Ѓоковиќ купи 80 отсто од компанијата во јуни 2020 година“, изјави нејзиниот извршен директор Иван Лончаревиќ, без да наведе колкава е инвестицијата. 

Тој истакна дека фирмата развива терапија, а не вакцина против коронавирусот. Компанијата развива пептид, што спречува коронавирусот да зарази човечка клетка, а во текот на летото се очекува да започнат со клинички испитувања во Велика Британија.

„Ројтерс“ се повикал на јавно достапните документи, а во јуни 2020 година во Данска била основана компанија со име „QuantBioRes A/S“.

Од компанијата, Новак поседува 40,8 отсто, а неговата сопруга Јелена 39,2 отсто од акциите.

Компанијата е регистрирана во Данска, а на својот сајт наведува дека се занимава со „развивање третмани и лекови за ретровируси и отпорни бактерии“.

„Со нашата иновативна RRM технологија, настојуваме да му помогнеме на човештвото во развивање третман и лек за ретровируси и резистентни бактерии. Нашиот висококвалификуван тим на биохемичари, физичари, инженери и програмери, неуморно работи да ја доведе фирмата на чело на индустријата.

За да обезбедиме одлични решенија, посветуваме време и ресурси прецизно да предвидиме хемиски и физички својства на молекулите, што може да биде корисно во многу области од науката, особено во медицината“.

Еве со што се занимаваат и како

„Во компанијата работиме со користење на единствен и нов модел на резонантно препознавање (RRM).

RRM технологијата овозможува карактеристичните фреквенции, кои по природа се електромагнетни, да се единтификуваат со секоја биолошка функција/интеракција.

Кога се идентификува карактеристичната фреквенција за биолошка функција, можно е да се анализираат биолошката функција/интеракција на протеинот, да се предвидат биоактивни мутации и да се дизајнира „де ново“ биоактивен пептид со посакувана биолошка функција, како и да се предвиди електромагнетна фреквенција која може да му пречи на одредени активности на протеинот“.

20.01.2022 - 10:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега