Деновиве јавен повик за мерката „50-50"
Јас сум повеќе од задоволен кога гледам земјоделци како ми приоѓаат и ми кажуваат дека оваа година е многу подобра од претходните и така да се продолжи. Имаме задоволни лозари, задоволни градинари, задоволни овоштари, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.
Тој во вчерашното гостување на „Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија најави дека во наредните десетина дена ќе излезе уште еден jавен повик од Програмата за рурален развој – тоа е популарно наречената мерка од минатото 50-50.
-Сите оние апликанти кои ќе набават приклучна механизација, трактори – тука ќе бидат вметнати и анти-фрост системите, системите капка по капка, истите ќе бидат кофинансирани со 50 проценти за набавената инвестиција, рече министерот.
Трипуновски во посочи и дека државата ќе учествува со 50 проценти од тоа што земјоделците, односно апликантите, ќе го набават како инвестиција.
-Сето ова е да помогнеме на нашите земјоделци за да го модернизираат своето производство, истакна министерот Трипуновски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа