Нови детали за девојката која загина во Будва – газдата на агенцијата е под истрага
Во црногорскиот град Будва вчера се случи трагична несреќа во која животот го загуби 19-годишната Т.Р. од Нови Сад, за време на парасејлинг. Според првичните резултати од истрагата, девојката самата се одврзала од опремата и скокнала во морето од височина од околу 50 метри, при што трагично загинала.
Мирко Крџиќ, сопственик на агенцијата за парасејлинг, изјави дека несреќата се случила додека девојката снимала промотивно видео за да се претстави оваа туристичка активност во пресрет на летната сезона.
„Станува збор за несреќен случај, чии последици се веќе познати. Со голема жал, морам да кажам дека се случи огромна трагедија. Не смеам да давам многу изјави бидејќи и самиот сум под истрага од страна на обвинителството. Но, можам да потврдам дека немаше никакви знаци на страв кај девојката, таа помина низ потребната обука и потоа се случи трагедијата. Не знам што точно се случило, бидејќи оригиналната снимка е одземена од полицијата, па не знам што точно зборувала пред падот“, изјави Крџиќ за „Блиц“.
Тој додаде дека случајот сè уште е предмет на истрага, но потврди дека Т.Р. ги поминала сите предвидени процедури и не покажувала страв од висина. „Не беше под дејство на алкохол. Искрено ми е многу жал што се случи оваа трагедија“, рече тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа