Бугарскиот парламент едногласно ја усвои резолуцијата за Македонија: Нема да отстапиме ниту сантиметар од договореното

 

Бугарскиот парламент едногласно усвои нова резолуција за Македонија, официјална Софија порача - Нема да отстапиме ниту сантиметар од договореното.

Со 194 гласа ЗА, пратениците во народното собрание во Бугарија изгласаа документ каде стои дека се неприфатливи „сите обиди во рамките на форматите и институциите на ЕУ за повторно преговарање, заобиколување или игнорирање на елементи од постигнатите договори “. 

Со овој документ, бугарскиот парламент цврсто застана зад компромисот од јули 2022, а покрај уставните измени, се потенцира и говор на омраза кон Бугарите и се бара Македонија да го имплементира акцискиот план за заштита на малцинствата, заклучно преговарачката рамка. 

Резолуцијата беше поднесена од пратеникот Тошко Јорданов од ИТН, а поддржана од сите пратеници.

- Целата истоија на Македонија е низа на грешки од страна на бугарската држава. - Тошко Јорданов ИТН.

- Всушност, нашата држава продолжува да се однесува вака: Ние сме кандидат за членка на Евопската Унија, а Македонија е членка. И спремни се да не блокираат во секој момент. - Костадин Костадинов Преродба.

- За Бугарија нема друг план. Она што е договорено, она што е подджано од сите европски држави е единственото нешто што отсега па натаму Република Северна Македонија треба да го исполни. - Драгомир Стојнев БСП - Обединета Левица.

Не отстапуваме, се си е напишано црно на бело - порача шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев, веднаш по гласањето. 

- Ги слушнавте и претседателот на Советот Антонио Кошта, сите тие рекоа едно - нема опција Б, нема план Б. Планот е еден - промена на уставот, исполнување на критериумите по кластери, за да може процесот да се движи. - Георг Георгиев МНР Бугарија.

По гласањето, Има Таков Народ - партијата која ја подготви резолуцијата, испрати порака до премиерот Мицкоски. 

- Во име на цела Бугарија, на Мицкоски уште еднаш му порачувам, дека нема ни да ја помирисате Европската Унија со ваквото однесување. - Станислав Балабанов ИТН.

А Бојко Борисов лидерот на ГЕРБ, сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ, побара да се почитува договорот од 2017та и францускиот предлог.

- Разговарав и со Антонио Кошта, разговарав и со многу колеги, разговарав и со Манфред. Имаме договор за добрососедство и таканаречениот француски предлог и сите инстистираме да се почитува договорот за добрососедство. И какви било провокации што се прават не се во ничиј интерес. - Бојко Борисов ГЕРБ.

Резолуцијата се усвои на само една недела пред расправата на извештајот за напредокот на Макеоднија кон ЕУ, во Европарламентот. Ова е ставено како прва точка во мотивите на документот, кој се изгласа денеска во Софија.

30.05.2025 - 18:20

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега