Вучиќ најави предвремени избори: Прво да ги завршиме подготовките за ЕКСПО

 

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека предвремени парламентарни избори би можеле да бидат распишани, но дури откако ќе завршат подготовките за изложбата ЕКСПО, која треба да се случи во Белград во 2027 година.

-Ќе победиме и на тие избори, порача Александар Вучиќ. 

Вели, не се плаши од избори.

-Имаме ние Експо и мораме да се подготвиме за тоа. Штом ги завршиме подготовките, ќе распишеме предвремени избори. А на тие избори… се плашам дека многу погрешија. Кога мислев дека шансите ни се изедначени, сега веќе не се – ќе ги победиме убедливо и тогаш, изјави Вучиќ.

На прашање кога ќе престанат блокадите низ Србија, тој одговори дека „суштински веќе престанале, само што некои луѓе тоа сè уште не го сфатиле,“ бидејќи не следат што говори народот.

 

30.05.2025 - 18:45

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега