Нов дом за стари лица во Кавадарци: Јанчев најави изградба на објект со 55 легла со минимален надомест

 


Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев денеска најави изградба на Јавна општинска установа за вонсемејна социјална заштита на стари лица во општината. 

- Претседателот на Совет на општина Кавадарци Стојанчо Рамов и министерот за труд и социјална политика Фатмир Лимани, потпишаа договорот за изградба на старски дом во Општина Кавадарци, објект на општина Кавадарци, а стопанисувањето ќе биде заедничко со Министерството. По овој договор следува тендерска постапка од страна на министерството и започнување на градежните активности, напиша градоначалникот на Фејсбук. 

Овој дом ќе располагал со капацитет од 55 легла, современо уредени и опремени со сите неопходни услови за достоинствен живот. Локацијата на објектот била внимателно избрана – веднаш до споменикот на Киро Крстев, во близина на паркот и службата за итна медицинска помош, што ќе обезбедело пристапност и мирна околина.

- Цената за престој ќе биде регулирана од надлежното Министерство, со минимален надомест кој ќе овозможи еднаков пристап за сите пензионери. Овој проект, кој во целост е изработен од општинските служби, е дел од нашата локална стратегија за унапредување на грижата за постарата популација. Како локална самоуправа, остануваме посветени на реализацијата на проекти што директно го подобруваат животот на граѓаните, додаде Јанчев. 

07.08.2025 - 16:46

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега