Демократскиoт сојуз: Предлог законот за една изборна единица ќе го доставиме до Парламентот

 

По најавата на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата, дека е подготвен да се донесе закон, со кој Македонија ќе биде една изборна единица, Демократскиот сојуз ја поддржува оваа определба, велат од партијата на Павле Трајанов.

Ваквите измени, како што велат од оваа партија, ќе значат демократизација на изборниот процес и демонтажа на “днопартискиот систем на владеење, како и зголемување на одговорноста на извршната и законодавната власт.

„Во процесот на носење круцијални одлуки ќе бидат вклучени повеќе партии и ќе јакне законодавната контрола на извршната власт.

Со измените, зад секој пратеник ќе стојат ист број гласачи, а не како до сега во Изборната единица бр. 6 пратеник да се избира со 6.300 гласа, а во Изборната единица бр. 3 со 10 илјади гласови“.

Демократскиот сојуз, како што најавуваат, следната недела до парламентот ќе го достави Предлог-законот за измена на Изборниот законик, кој, како што велат, пратениците можат да го дополнат и со забелешките на ОБСЕ и ОДИХР.

30.05.2025 - 17:59

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега