Хаос кај Бит Пазар: Насилно им влегле дома и тепале цело семејство

 

Денеска (30.05.2025) во 00:40 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.С.(28) и С.С.(31), двајцата од Скопје.

Приведени се постапувајќи по претходна пријава од Б.Р.(32) од Скопје дека на 29.05.2025 околу 20:00 часот во семејниот дом, по претходна расправија, С.С.(28) агресивно се однесувал и физички го нападнал неговиот брат.

Подоцна околу 00:10 часот двајцата пријавени и уште неколку лица, насилно влегле во домот и физички го нападнале него и други членови од неговото семејство, при што употребиле тврд и остар предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

30.05.2025 - 20:51

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега