Кран падна врз објект во градба во Битола - има повредени

 

Крај паднал врз објект во градба во битолската Касарна, објави СДК.МК.

Несреќата се случила околу 14 часот, а од СВР Битола за порталот потврдиле дека има повредени. Засега нема информации колку луѓе се повредени и каква е нивната здравствена состобја.

За време на несреќата градежни работници работеле на објектот. Причинета е и материјална штета на објектот во градба.

31.05.2025 - 15:18

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега