Кочо Анѓушев го финансира завршувањето на црквата „Св. Константин и Елена“ на улица Македонија во Скопје

 

Македонскиот бизнисмен и поранешен вицепремиер, проф. д-р Кочо Анѓушев, активно учествува во завршувањето на црквата „Св. Константин и Елена“, сместена во срцето на Скопје, на улицата Македонија.

Со лична донација, како и преку поддршка од компаниите во негова сопственост, Анѓушев веќе втора година го финансира изработувањето на фреските и целокупниот фрескоживопис во храмот.

Ангажманот следува по јавниот повик од Македонската православна црква – ОА упатен пред две години, со кој се повикаа општествено одговорни личности да придонесат за довршување на овој значаен духовен и културен објект во центарот на главниот град.

Ова не е прв пат Анѓушев да помага црковни проекти – претходно учествуваше во изградбата на црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес, каде исто така го финансираше фрескоживописот. Поддршката на храмот ,,Св. Константин и Елена’’ има и лична, семејна димензија, бидејќи имињата на светците на кои е посветен храмот ги носат самиот донатор и неговите внуци.

 

 
31.05.2025 - 12:05

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега