Четиригодишно дете повредено во градинка во Радовиш, пренесено во болница во Штип

 


Четиригодишно дете било примено во болница во Радовиш, а според пријавеното се повредило во градинката во која престојувало.

Според информациите на МВР, вчера во 11.00 часот во  ОВР Радовиш, од Јавната здравствена установа Радовиш е пријавено дека кај нив со повреди е донесено четиригодишно дете, кое подоцна е препратено во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош.

Според пријавеното, детето со повредите се здобило додека престојувало во детска градинка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

30.05.2025 - 13:21

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега