Хорор во Гостивар: Со метална шипка ја нападнал, па ја силувал вонбрачната сопруга

 

Денеска Основниот суд Гостивар му одреди мерка притвор на А.С.(53) од Гостивар.

Тој на 29.05.2025 околу 02 часот во нејзиниот стан во Гостивар со метален предмет ја нападнал и извршил полов напад врз неговата вонбрачна сопруга.

38-годишната жена го пријавила случајот во полициска станица во Гостивар и на Фејсбук страната на МВР, по што околу 19.45 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.С..

Тој, соопшти полицијата е задржан во полициска станица и против него е поднесена кривична пријава, по што му е одредена мерка притвор.

30.05.2025 - 20:10

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега