Двајца работници го загубија животот, еден во Делчево и еден во Кавадарци
Министерството за внатрешни работи соопштува дека двајца работници го загубиле животот при извршување градежни работи, еден во Делчево и еден во Кавадарци.
Во фабрика во Делчево, при извршување на работни задачи, вработениот В.Р. (30) од Делчево паднал од висина од околу три метри и се здобил со тешки телесни повреди. Од здобиените повреди, на пат кон Клиничката болница во Штип, починал во возилото на брзата помош. Увид извршила екипа на Секторот за внатрешни работи Делчево, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е испратено на обдукција.
Друг случај се случи во Кавадарци каде што кинески државјанин почина во текот на работното време.
На 10.09.2025 година во 12:10 часот, во Управата за внатрешни работи Кавадарци е пријавено дека Г.Х. (38) од Кина, додека извршувал работни задачи во фабрика во Кавадарци, бил удрен од кран и од повредите починал на самото место. Лекар од Итната медицинска помош Кавадарци констатирал смрт.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци извршил увид на лице место во фабрика каде што вчера починал 38-годишен кинески државјанин.
„Според првичните информации, тој пристигнал во земјата кон крајот на август, но постојат сомневања дека, иако неговото живеалиште и вработување сè уште не биле договорени, тој веќе бил ангажиран да извршува работни задачи во фабриката. Притоа, бил згмечен од кран на висока платформа и се здобил со тешки телесни повреди од кои починал“, се наведува во соопштението
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа