Експлозија на воз со течен гас во Вилнус - во тек истрага и евакуација

 

Во Вилнус, главниот град на Литванија, денес беше наредена евакуација на жителите во радиус од еден километар од железничката станица, откако воз што превезувал течен нафтен гас (LPG) експлодирал за време на претовар.

Пожарот бил пријавен утрово, но според Литванската противпожарна и спасувачка служба, околу 40 пожарникари не можеле да се доближат до местото на настанот до попладне поради интензивната топлина.

LPG-то доаѓало од литванска рафинерија во сопственост на полската компанија Орлен, но транспортот го вршела надворешна фирма, а терминалот каде се случил инцидентот не е под сопственост на Орлен.

 

„Во оваа фаза, не се сомневаме на никакви намерни дејствија“, изјави портпаролот на Орлен во Полска.
„Компанијата работи со сопственикот на терминалот и надлежните органи за да ја испита причината за инцидентот,“ додаде тој.
Портпаролот на литванската подружница потврди дека експлозијата се случила додека LPG се товарел од возот во терминалот.

10.09.2025 - 17:44

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега