Русите до Полјаците: Ширите митови за дронови
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Полска шири „митови“ за наводен упад на дронови од Русија со цел да ја ескалира украинската криза. Во изјавата се додава дека Русија немала намера да ја гаѓа територијата на Полска и дека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, не дал доказ за такво нешто.
„Подготвени сме за консултации со Министерството за одбрана на Полска за да се разјасни ситуацијата и да се спречи понатамошна ескалација“, се вели во соопштението.
Одговор пристигна и од Варшава. Полскиот министер Томаш Симонјак на социјалната мрежа X изјави дека Русија спроведува „масовна кампања за дезинформации“ и ја „клевети Полска“.
Полска доби поддршка од своите сојузници во НАТО, кои го осудија упадот на дронови на полска територија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа