ЕВН најави голем број исклучувања - проверете дали ќе имате струја денеска

 


Од 8.30 до 12.30 часот денеска без електрична енергија ќе бидат корисниците од ул. „Тодор Чангов“ – крак 49 во општина Аеродром и корисниците од селата Кожле, Летевци, Бадар, Горно Блаце, Катланово и Градманци во општина Петровец.

Како што соопшти РЦУК по известување добиено од ЕВН Македонија АД, без струја денеска од 9 до 12 часот ќе останат и дел од корисниците во село Мршевци, објектите на фирмите „Фреш Фарм“, „Солар Ентра“, „Мијак“, „Си Мао“ и „Солант“, како и корисниците од селата Бунарџик и Ајватовци во општина Илинден.

Од 10 до 14 часот без електрична енергија ќе бидат и дел од корисниците од ул. „Нерешка“ во општина Карпош.

28.07.2025 - 09:10

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега