(ФОТО) Сиљановска-Давкова на кратка средба со Трамп: Симболичен гест на почит и партнерство
Претседателктата Гордана Сиљановска-Давкова на маргините на самитот на НАТО во Хаг се сретнала со американскиот претседател Доналд Трамп.
„Кратка средба со американскиот претседател Доналд Трамп, симболичен гест на почит и партнерство“, напиша Давкова на социјалните мрежи.
Додаде дека остануваме посветени на сојузништвото со САД како наш клучен стратешки партнер во рамките на НАТО и пошироко.
25.06.2025 - 16:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа