Герасимовски и ФЕС: Центар е прва општина во државата со предлог-план за праведна енергетска транзиција
Градоначалникот Горан Герасимовски, денеска заедно со претставничката од Фондацијата Фридрих Еберт Мила Ристановска одржаа заедничка прес-конференција на која го презентираа „Предлог-планот за праведна енергетска транзиција на Општина Центар“. Центар е прва општина во државата што има изработено предлог-план за праведна енергетска транзиција на локално ниво.
Планот е изработен во партнерство со Фондацијата Фридрих Еберт и Здружението за зелено општество Гринер и содржи анализа, насоки и препораки кои веќе почнаа да се применуваат.
„Со овој документ ја потврдуваме заложбата Центар да биде независна, ефикасна и зелена општина. Имаме визија, структура и јасна насока, тоа е реалност што веќе ја градиме. Конкретните проекти веќе носат одлични резултати на терен и затоа локалната самоуправа ќе продолжи на патот на енергетската транзиција . Први во државата отворивме Енергетска канцеларија, ја изградивме од темел енергетски ефикасната градинка „Пролет“, и поставивме фотоволтаици на покривот на објектот „Пепелашка“ на градинката „Раде Јовчевски Корчагин“, каде веќе постигнавме 50% заштеда на потрошувачката на електрична енергија. Ова не се изолирани проекти, туку дел од цврста и долгорочна стратегија., порача Герасимовски“, рече Герасимовски.
Ристановска, истакна дека е горда што како Фондација заедно со Гринер учествуваа во процес којшто граѓаните, експертите и институциите вложија заеднички труд кадешто се креираа решенија кои се одржливи, така како што треба да изгледа една праведна транзиција.
„Патоказот за нас не претставува еден обичен документ, претставува приказ за тоа како изгледаат локални политики коишто се храбри, инклузивни, коишто се насочени кон иднината. Би сакала да им честитам на Општина Центар, да се заблагодарам за соработката, за трудот и пред сѐ за храброста да бидат први во нешто ново. Ова претставува почеток на заедничката борба кон праведна и одржлива енергетска иднина“, изјави Герасимовски.
Герасимовски додаде и дека во рамки на реализирање на зелените политики е активниот зелен катастар на ГИС , со цел подобро урбано управување и заштита на зелените површини. Општина Центар преку својот ГИС, активно го пополнува Зелениот катастар – дигитална алатка што овозможува систематска инвентаризација на дрвјата и грмушките на својата територија. Катастарот содржи податоци за видот на растенијата, нивната состојба, димензии и точна местоположба, што овозможува поефикасно планирање и квалитетно одржување на урбаното зеленило.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа