Герасимовски на советничката листа ќе стави претставник од граѓанските организации, побара тие да предложат име
Градоначалникот Горан Герасимовски, на средбата со претставници од граѓанските организации, побара од нив да предложат кандидат за советник кој ќе ги застапува нивните права и интереси во идниот општински совет, се се вели во соопштение на Општина Центар, што МИА го пренесува интегрално.
„Одиме чекор напред, од вас, но и од други групи на граѓани да побараме предлози за да направиме една советничка листа којашто нема да биде само партиска, туку ќе биде и граѓанска. Сакаме да вклучиме што повеќе луѓе од различни позиции, од невладини организации, од здруженија, за да дадат свој допринос во начинот на функционирање и креирање на политиките на општината, се со цел подобрување на условите за живот на нашите граѓани“, рече Герасимовски.
Герасимовски истакнува дека Општината покажала треба да биде на граѓаните, а не на политичките партии.
Герасимовски потенцира дека Советот функционира одлично и се прифаќаат сите предлози и идеи кои се во интерес на центарци.
Покажавме дека општината треба да биде на граѓаните, а не на политичките партии. Во советот функционираме одлично без разлика на советничките групи, од која политичка партија доаѓаат. Сите оние добри проекти без разлика од кого потекнуваат, преку буџетските форуми преку анкетите, преку многуте дискусии и состаноци кои ги имаме ги прифаќаме без разлика од кого доаѓаат“, вели Герасимовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа