Германија на сериозен тест: Трамп веќе му зададе тежок удар на новиот канцелар Фридрих Мерц
Фридрих Херц денес официјално ќе стане нов канцелар на Германија, ветувајќи дека ќе ѝ даде на Европа јасна насока во тешки времиња но тој веќе е во опасна позиција.
Мерц ќе седне на канцеларската фотелја како „ослабена фигура“. Дури и во периодот помеѓу победата на изборите во февруари и преземањето на функцијата лидер, неговиот рејтинг значително се намали. Неговата коалициска влада има едно од најслабите парламентарни мнозинства од Втората светска војна, со само 52 проценти од местата.
Сега, најважниот и најмоќниот сојузник на Германија во последните децении – Соединетите Американски Држави, почнуваат да го поткопуваат Мерк на секој чекор. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се чини дека има намера дополнително да го ослаби со тоа што ќе ги поддржи неговите главни политички противници, крајно десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD).
Откако германската разузнавачка служба ја означи АФД (AfD) како „докажана екстремистичка организација“ минатата недела (ознака што поттикна долготрајна внатрешна дебата околу тоа дали да се забрани АФД (AfD) според германските закони дизајнирани да спречат повторување на нацистичкото минато), партијата доби поддршка од високи членови на администрацијата на Трамп.
Етикетата за екстремизам е „прикриена тиранија“, рече американскиот државен секретар Марко Рубио во објава на X.
„Она што е навистина екстремно не е популарната АФД, туку смртоносните политики за имиграција на отворени граници што ги оспорува“, рече тој.
Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс го повтори ова мислење, велејќи дека „германскиот естаблишмент“ во суштина го обновува Берлинскиот ѕид.
Мерц, од централно-десничарската партија ЦДУ, е дел од германскиот естаблишмент што Рубио и Џ.Д. Венс го критикуваа. И покрај ветувањето дека ќе се справи со миграцијата, Мерц одби да владее во коалиција со антиимигрантската партија АфД, која беше втора на изборите во февруари, што беше најдобар резултат на крајната десница во повоена Германија, велејќи дека партијата е премногу екстремна.
Наместо тоа, тој одлучи да формира коалиција со централно-левичарската Социјалдемократска партија на Германија (СПД), која го имаше најлошиот резултат на националните избори од 19 век.
Ова го става Мерц во уникатно ризична политичка позиција. Како што расте крајната десница, тој се наоѓа на чело на коалиција од „дезинтегрирачки партии“ кои некогаш доминираа на германската политичка сцена.
Центристичките влади составени од СПД и конзервативниот блок на Мерц честопати беа нарекувани „големи коалиции“ поради нивните големи мнозинства. Но, во моментов големата коалиција не е ништо импозантно, бидејќи е најмалата во историјата и го остава Мерц отворен за обвинувања дека го води остатокот од системот што исчезнува, пишува Политико.
Подемот на АФД
На оваа позиција, Мерц е особено ранлив на напади од АФД која ќе биде најголемата опозициска партија во парламентот. Лидерите на АФД постојано го прикажуваат како таен левичар поради тоа што одбива да владее со нив и поради неговите усвоени политики за трошење засновани на долгови по неговата изборна победа, што е целосен пресврт во однос на неговата изборна реторика.
АфД веќе се чини дека има корист од таа динамика. Рејтингот на партијата порасна на анкетите, додека на конзервативната ЦДУ на Мерц падна.
Континуираната поддршка на администрацијата на Трамп за АФД би можела дополнително да ја дестигматизира партијата во Германија и да го зајакне наративот на АФД дека е неправедно цел на политички прогон од страна на политичкиот естаблишмент.
„Бидејќи АФД сега е најсилната партија на анкетите, тие сакаат да ја потиснат опозицијата и слободата на говорот“, напиша копретседателката на АФД, Елизе Вајдел, на мрежата „X“ како одговор на Марко Рубио.
Мерц во понеделник изјави дека му е несфатливо што лидерите на АфД ќе станат претседатели на парламентарни комисии, особено во светлината на фактот дека домашната разузнавачка агенција ја класифицираше партијата како екстремистичка. Со тоа заврши дебатата што ја започна лидерот на неговата парламентарна група минатиот месец со предлог што значително би го омекнал пристапот на конзервативците кон крајната десница.
Трговија, НАТО и Украина
Американската поддршка за АФД би можела да ги надмине сите други тешкотии во трансатлантскиот сојуз, рече Доминик Толксдорф, експерт за трансатлантски односи во Германскиот совет за надворешни односи.
„Ова е огромен проблем за Мерц и барем сериозен како и многу други дебати што ги водиме во моментов, вклучувајќи ја трговијата, НАТО и Украина“, рече тој.
Тој вели дека ако администрацијата на Трамп, може да го искористи ова обвинување (дека АфД е потисната) за да изврши притисок врз германската влада.
„Како следната влада ќе реагира на оваа нова димензија во наредните месеци е големо прашање“, рече Толксдорф.
Мерц вети дека ќе преземе поголема лидерска улога во Европа и веднаш по положувањето на заклетвата, ќе се стреми тоа да се случи. Во среда, тој планира да отпатува во Варшава и Париз во обид да го оживее таканаречениот Вајмарски триаголник на Полска, Германија и Франција неформален сојуз што го смета за клучен за започнување поасертивна европска одбранбена политика. Набргу потоа, се очекува тој да отпатува за Киев.
Саво беше пуштен на слобода само пред неколку дена за да се брани од слобода, брутално ликвидиран вчера: Нови детали за ужасот
Саво беше пуштен на слобода само пред неколку дена за да се брани од слобода, брутално ликвидиран вчера: Нови детали за ужасот
„Многу Европејци очекуваат од нас повторно да дадеме силен придонес за успехот на европскиот проект“, рече Мерц во понеделник во Берлин, додавајќи дека „живееме во време на длабоки промени, длабоки превирања“…
„И затоа знаеме дека всушност е наша историска должност да ја водиме оваа коалиција кон успех“, рече новиот германски канцелар.
И додека Мерц се стреми да ја постигне таа цел, едно нешто стана јасно – администрацијата на Трамп ќе работи против него.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа