Ѓорѓиевски на дебата со стипендистите на Фондацијата Конрад Аденауер
Денес имавме плодна и инспиративна дебата со директорот на Фондација Конрад Аденауер во Македонија, Даниел Браун и со стипендистите на фондацијата, млади луѓе кои вложуваат многу во своето образование и ја гледаат иднината токму овде, дома, во Македонија, се вели во соопштението од кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Тема на разговор беа претстојните локални избори и мојата визија за едно модерно и развиено Скопје.
Ги слушнав нивните идеи, барања и предлози кои беа исклучително зрели и вредни за внимание, рече Георгиевски.
„Токму младите се тие кои ја носат иднината, а нивниот глас и размислувања се од непроценливо значење.
Голема благодарност до фондацијата КАС за можноста, долгогодишното партнерство и за нивниот голем придонес во создавањето подобра иднина за Македонија.
И секако, благодарност до младите за инспирацијата и визијата што ја носат со себе“, посочи Георгиевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа