Голема акција на Финансиска полиција: Претреси во Липково, Куманово и Желино

 


Голема полициска акција на Управата за финансиска полиција во општина Липково, Куманово и Желино– претреси на повеќе локации, сомнение за злосторничко здружување, даночно затајување, даночна измама и перење пари.

Во раните утрински часови полициски екипи од Управата за финансиска полиција упаднале на неколку локации во општина Липково, Куманово и Желино, каде во моментот се вршат претреси.  Акцијата е резултат на подолга истрага за постоење на организирана криминална група која, според првичните сознанија, се сомничи за злосторничко здружување, даночно затајување, даночна измама, перење пари и други кривични дела поврзани со финансиски криминал.

Неофицијалните информации говорат дека се работи за фирми кои се занимаваат со набавка и продажба на нафтени деривати кои се сомничат за сторен криминал тежок над 7 милиони евра. Детали за акцијата се најавуваат по нејзиното завршување, во текот на денот.

25.08.2025 - 09:14

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега