Гужви на граничните премини

 

 

Сообраќајот се одвива по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини.

Зголемена фреквенција на возила на има ГП Табановце каде времето на чекање за влез во државата е околу 40 минути, а на ГП Богородица за излез од земјава се чека околу 20 минути.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево

25.07.2025 - 18:49

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега