Хорор во Гостивар: Се скарале поради недоразбирање во сообраќајот, па извадил нож и го избодел

 


Вчера во 10.30 часот на улица „18 Ноември“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од  слобода А.М.(61) од Гостивар.

Тие постапиле по претходна пријава дека околу 10.00 часот на улица „Панче Попоски“ во Гостивар, поради недоразбирање во сообраќајот, со остар предмет му нанел убодни рани на М.Р.(26) од с.Чегране, гостиварско.

Полицијата соопшти дека тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок. 

07.05.2025 - 14:29

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега