Извозот порасна за 2,9%: Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија

 


Во првите шест месеци од годинава од земјава вкупно се извезени стоки во вредност од 249 072,3 милиони денари или 4,034 милијарди евра што е пораст од 2,9 проценти  во споредба со истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – јуни 2025 година, изнесува 349 611,4 милиони денариили 5,675 милијарди евра што е за 2,4 отсто повеќе во споредба со истиот период лани. Покриеноста на увозот со извоз е 71,2 процента.

Според податоците на Државниот завод за статистика, најголемо учество во извозот имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.

Во првите шест месеци од 2025 година земјава најмногу тргувала Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија, кои учествуваат со 47,3  отсто во вкупниот обем на размената. Во вкупната размена најголемо учество имаат земјите членки на Европската Унија со кои е реализирана 60,4 отсто од трговијата.

06.08.2025 - 09:53

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега