Јаневска ќе се обрати на Самитот Македонија 2025
Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ќе учествува на панел дискусија во рамки на 14-от годишен Самит на Македонија 2025.
Јаневска ќе зборува на панелот на тема „Образование на иднината: градење лидери, мислители и иноватори“ на кој ќе зборуваат и Клариса Бехар Молар, директор во Adizes Executive Education и Арбен Јусуфи, извршен директор и коосновач на Леорон институтот.
На Самитот Македонија 2025 денеска фокусот ќе биде ставен генерално на вештачката интелегенција, но и како оваа револуционерна технологија ќе влијае на развојот на индустриите.
Годинашниот Самит на Македонија 2025 е најголем досега и обединува над 700 учесници, вклучувајќи домашни и меѓународни лидери, претприемачи, креатори на политики, меѓународни експерти и претставници на академската заедница и на граѓанскиот сектор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа