Временска прогноза за утре и следните денови: Сонце, дожд и грмежи

 

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне се очекува изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринските температури ќе се движат од 10 до 19 степени, а дневните од 26 до 36 степени Целсиузови.

Во Скопје слично време со температура до 36 степени.

Во следниве денови се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. За време на викендот, во попладневните часови ќе има изолирани појави на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во првите два дена од новата работна седмица, времето ќе биде нестабилно на повеќе места, со пороен дожд, грмежи и можност за локално невреме проследено со засилен ветер и изолирана појава на град.

15.08.2025 - 22:54

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега